Актерката позната по улогите во „Исчезната“ и „Коктел“ , Лиза Бејнс, е во болница во критична состојба, откако во саботата имала сообраќајна несреќа. Имено, додека актерката поминувала на пешачки премин на Менхетн, на неа со голема брзина налетал автомобил и ја удрил, по што возачот избегал. Веста ја потврди нејзиниот менаџер Дејвид Вилијамс.
Според изјавата од полицијата, по ударот актерката останала да лежи на улицата со тешки повреди на главата, а кога дошла брзата помош таа веднаш била однесена во болница.
– Следниве денови се критични и сите да се молиме за Лиса – изјави нејзината сопруга Кетрин Кренхолд за „Фокс њуз“ и додаде дека ако некој има каква било информација за незгодата или за возачот на моторот да се јави во полиција.
Страшната несреќа беше суров пресврт за Лиса, која беше воодушевена што конечно се вратила во Големото јаболко, желна конечно да ги види своите стари пријатели, кои многу им недостасувале.