Бразилската манекенка и топмодел Жизел Бундшен, изгледа непрепознатливо на првата насловна страница на „Вог“, по разводот од поранешниот сопруг Том Брејди.
Бундшен се појави на насловната на новиот италијански „Vogue“ за март, а идејата овојпат била да се претвори природната убавина на Жизел во нешто непрепознатливо.
Манекенката позирала во црвен „Valentino“ фустан, а косата ѝ била скриена под црвената залижана кратка перика. Била нашминкана во темни тонови, а на усните носела црвен кармин. Нејзиното лице го краселе дијамантски обетки, а целиот изглед делувал многу мистично.
Изгледот на Бундшен го осмислил стилистот Иб Камара, кој воедно работи како главен уредник на списанието „Dazed“. Интересен е податокот дека оваа убава Бразилка досега се појавила на дури 142 меѓународни насловни страници на „Vogue“ во текот на својата манекенска кариера.
Инаку, Жизел се разведе од Брејди со кој има 2 деца, во октомври минатата година, по 13 години брак. Двајцата ја потврдија информацијата на своите Инстаграм профили.