Сабрина Карпентер, која ја одбележа минатата година со хитот „Еспресо“, ја доби наградата „греми за најдобра женска соло-изведба“, но сите зборуваат за тоа што направи мислејќи дека никој не ја гледа.
Доделувањето на греми-наградите, кое се одржа на 2 февруари во Лос Анџелес, беше полно со незаборавни моменти, од победата на Бијонсе за најдобар кантри-албум до Канје Вест и Бјанка Ценсори, кои беа исфрлени од настанот, до Сабрина Карпентер и нејзината златна матарка.
Имено, 23-годишната пејачка со потекло од Пенсилванија била забележана како пие од златна матарка, која одговарала на нејзиниот фустан. Секако, моментот на опуштање го снимил камерманот, а снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи и стана вирална.
“Таа пие со стил“, „Не би рекол дека е еспресо во матарката“, „Сите го правиме тоа, дури и Сабрина“, „Дива, ова е лудо“, „Тоа е толку кул“, беа коментарите.
Објавата брзо се прошири на платформата X и собра повеќе од 2,9 милиони прегледи.