Познатата пејачка Кристина Агилера откри дека имала тешко детство, кое го предизвикал нејзиниот насилен татко.
„Бев сведок на многу непријатни работи. Премногу малтретирање, расправии, тепачки.. Како растев така се чувствував се’ понесигурно. Чувството на немоќ е најлошото чувство на светот. Како излез од таа безизлезна ситуација го имав само пеењето. Болката која доаѓаше од дома е местото од каде што доаѓаше мојата љубов кон музиката.“
Работите се искомплицирале кога нејзината мајка ја пронашла облиена со крв, а на тоа Кристина ѝ кажала:
„Тато сакаше да одмори, а јас бев премногу бучна“. По овој инцидент мајка ѝ решила да побегне со своите деца.
Нејзиниот татко, Фаусто Агилера, бил пензиониран ветеран и кога Кристина започнала да прави кариера, тој се обидел да се смири со неа. За ова таа изјави:
„Кратко го вратив во мојот живот, но за брзо време сфатив дека не е потребен во него“.