Пејачката Нина Јанева секогаш јавно упатува критики за она за што смета дека не е добро во нашето општество и е секогаш отворена и директна.
Последниот нејзин јавен Фејсбук статус е таков.
“МАКЕДОНИЈА: Не постои друго општество и држава која толку многу ги фрустрира сопствените граѓани, сопствените чеда.. Не постои друг народ кој одамна веќе не ја почитува својата држава, колку и да ја сака својата татковина.. Не постои друг народ кој толку пати во обид да си ја прехрани фамилијата.. Не уништивте, не спремивте за ментални и казнено поправни институции… Се будиме и легнуваме разочарани од сопственото, сопствениот и сопствените. НЕ УБИВТЕ! НЕ ПРЕДАДОВТЕ! Зарем не ве боли кога го гледате ваков народот свој? За пари? Во гроб ли ќе ги носите? Нели ви е доста? Имате ли трошка емоција за нашите деца, за нашето достоинство? Знаете ли дека луѓе одат на работа и не им даваат плата? Управа за Јавни Приходи – УЈП проверете кои фирми немаат исплатено плата на вработените и им должат со месеци, затоа што следниот чекор е медиумски покриен настан кој јас ќе го организирам лично!“ напиша Нина Јанева.