Американскиот модел и актерка Брукс Надер (27) присуствуваше на настан во Њујорк, а нејзиниот изглед многумина остави без здив. Манекенката се појави во целосно проѕирен црн фустан без градник, кој ја истакна нејзината вита линија.
Таа ја покажа и новата фризура, односно повеќе не е бринета туку русокоса.
Брукс пред две недели откри дека се разведува со сопругот Били, со кого е во брак четири години.
Токму затоа многумина веруваат дека Брус намерно се појавила во провокативно издание и на сите им покажала дека изгледа најдобро досега.
Да потсетиме, на почетокот на месецов, странските медиуми ја објавија веста дека манекенката и нејзиниот сопруг се разведуваат и дека со месеци живеат одвоено. Извор за Dailymail открил дека донеле заедничка одлука за развод.