Актерката Кораима Торес од легендарната серија „Касандра“ синоќа пристигна во Белград за да се појави како специјална гостинка во една епизода од серијата „Играта на судбината“. Како Касандра, Кораима стекна голема популарност во Србија во текот на деведесетите, кога многу семејства со нетрпение ги очекуваа новите епизоди од оваа сапуница.
Инаку, ова е нејзино второ гостување во Србија, а продуцентот на серијата „Игра на судбината“, Никола Буровац, не го криеше задоволството што ќе им се придружи на снимањето.
„Кораима е исклучително убава, срдечна и природна жена. Таа навистина е како вистинската Касандра. Ја натеравме да се чувствува како ѕвезда, затоа што е. Таа немаше никакви барања. Среќна е што повторно е во Србија и што е дел од нашата најголема серија“, вели Буровац.
Продуцентот сакаше да остане во тајност каква улога ќе има Кораима во серијата.
„Можам само да кажам дека ќе биде уште подобро од Касандра“, вели тој.