Кантавторката Џил Собјул, позната по хитовите „I Kissed a Girl“ и „Supermodel“, трагично загина во 67. година од животот во пожар што ја зафатил нејзината куќа во Минеаполис, јавува „Варајети“.
Познатата кантавторка Џил Собјул загина во пожар во нејзината куќа
Собјул требало денес да одржи концерт во нејзиниот роден град Денвер, со настап што го сочинувал нејзиниот автобиографски музички театарски проект.
Талентираната кантавторка ќе остане запаметена по песната „I Kissed a Girl“, првата песна со отворена геј тематика што се искачила на топ-листата на „Билборд“ со најслушани композиции.
Нејзината сатирична песна „Supermodel“ стана химна на тинејџерскиот филм „Безгрижна“ (Clueless) од 1995 година, кој денес има култен статус.
Родена во 1959 година, Собјул имаше повеќе од три децении долга музичка кариера во која честопати се занимаваше со чувствителни теми како смртната казна, анорексијата и правата на ЛГБТ+ заедницата.