Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, била пронајдена почината во Африка, јавуваат медиуми од црниот континент.
Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.
Маја Миа која имаше милиони следбеници на социјалните мрежи, неодамна беше во посета на земјава, а повеќе актуелни политичари објавија фотографии со неа.
Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја.