Познатата готвачка Ен Барел пронајдена мртва во својот дом

by Тони Зографски

Познатата американска готвачка и телевизиска ѕвезда Ен Барел почина на 55-годишна возраст откако беше пронајдена во несвест во нејзиниот стан во Бруклин во вторник, 17 јуни.

Барел е пронајдена во нејзиниот дом наутро, а Итната медицинска помош утврдила дека е почината веднаш по пристигнувањето. Причината за смртта сè уште не е официјално објавена.

Семејството се збогува со емотивни зборови

„Ен беше сакана сопруга, сестра, ќерка, маќеа и пријателка. Нејзината насмевка осветлуваше секоја соба во која влегуваше. Нејзината топлина и дух допреа милиони луѓе низ целиот свет. Иако повеќе не е со нас, нејзината љубов останува вечна“, напишаа тие.

„Food Network“, исто така, реагираше на веста за нејзината смрт, каде што Ен остави длабок белег.

„Ен беше исклучителна личност и кулинарски талент – предаваше, се натпреваруваше и секогаш ја споделуваше својата страст за храна и радоста од добриот оброк. Нашите мисли се со нејзиното семејство, пријатели и обожаватели во ова тешко време.“

Таа стекна меѓународна популарност во 2010 година

Ан Барел ја започна својата телевизиска кариера во 2005 година на „Iron Chef America“, а веќе во 2008 година ја доби својата емисија „Тајните на готвачот во ресторан“. Поголема популарност доби во 2010 година кога почна да ја води „Најлошите готвачи во Америка“, емисија во која таа и колегата Бо Мекмилан ги претворија аматери во достојни готвачи. Емисијата траеше дури 28 сезони, вклучувајќи и верзии со познати личности.

Пред нејзината телевизиска кариера, Барел работеше со години во ресторани низ цела Италија, каде што го усоврши својот кулинарски талент. Таму стекна основа на знаење што подоцна го сподели со пошироката публика.

Се омажи во 2021 година.

Во приватниот живот, Ан беше во брак со партнерот Стјуарт Клакстон, кого го запозна преку апликацијата за запознавање „Bumble“ во 2018 година. Тие се венчаа во 2021 година, а Ан често нагласуваше колку ужива во нивниот заеднички живот.

„Морам да кажам, обожавам што сум во брак. Постојано сме заедно затоа што Стјуарт работи од дома. Тоа не е само секој ден, тоа е авантура што ја споделуваме“, изјави таа за „Пипл“ во април 2023 година.

Смртта на Барел ги шокираше и растажи бројните гледачи, колеги и обожаватели низ целиот свет.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com