Венецуелската актерка Габриела Спанич (45) ги израдува своите машки обожаватели на Инстаграм со објавената провокативна фотографија.
На фотографијата Габриела е гола, додека ги покрива своите големи гради со раката, а во описот откри дека фотографијата е дел од нејзиниот календар за 2019 година.
Она што особено го привлекува вниманието е малата скриена тетоважа која е веднаш над нејзиниот задник, што актерката сега јасно сакаше да ја покаже.
– Сакам да бидам или потполно облечена или потполно гола, не сакам пола мерка. Ќе ја искористам оваа прилика со вас да ја споделам фотографијата од мојот календар за 2019 година – напишала актерката.
„Прекрасна жена“, „Боже мили, каква жена“, „Ти си убава“, „Секој пат кога ќе ги видам твоите фотографии, полудувам“, коментираа нејзините следбеници.