Контроверзната богаташка Парис Хилтон изгледа има една единствена улога: да шокира со секое ново појавување и да биде во центарот на вниманието.
Иако мислевме дека нејзината верзија покрај елката, кога позираше целосно гола, е најбизарна, таа сепак нè убеди дека може да биде уште поинтригантна.
За оваа прослава избрала тесен, проѕирен фустан прекриен со ситни светки, а најчудно од сè е тоа што под фустанот немаше ништо друго освен долна облека.
Својот стајлинг го заокружи со дијамантски обетки и впечатлив прстен, додека косата ја залижа во високо опавче.
Иако овој фустан ги истакна сите нејзини облини, а Парис навистина изгледа беспрекорно, на многумина им пречи тоа што повторно се соблече.
Но Парис само се смешкаше и им позираше на фотографите додека нејзиниот сопруг трпеливо ја чекаше…