Познатата актерка Катерина Радивојевиќ од неодамна е дел од српскиот конзулат во Њујорк, пишува “ Новости“.
Популарната Зоне која неколку години живее во САД, ангажирана е како надворешен соработник во дипломатското преставништво. Таа ќе биде задолжена за работи врзани со културата, а договорот со неа е потпишан на три месеци.
Инаку, Катерина Радивојевиќ која славата ја стекна во култниот филм “Зона Замфирова“ пред неколку години се пресели во Лос Анџелес. Иако таа не успеа да направи некој поголем успех во Холивуд, таа реши да остане во САД, а си ги задржа и актерските позиции во Србија.