По пропаѓањето на Еуростандард банката, чиј мнозински акционери беа семејството Костовски, луѓето кои го познаваат Трифун, како и неговите деца, Олга и Коста, сведочат за една друга димензија на оваа семејство, тоа е онаа хумана димензија. Една од тие e и нашата позната пејачка, Ребека Јанковска Ристески која на својот Фејсбук профил упати пофални зборови за Трифун и Олга Костовски.
“Г-динот Трифун Кoстовски и Олга Костовскa се луѓе за почит. Дали знаете на колкумина им имаат помогнато во земјава наша и пошироко. Тоа се оние луѓе кои помагаат тивко♥️ Познавам некои на кои им помогнале многу, живот им спасиле🌟 Жално е многу ова што им се случува😥 Шанса треба да се даде на таквите луѓе, а не, веднаш катанец на врата. Сите сме грешни, но некои грешат постојано и им се простува😰Каква е оваа наша Македонија? Што се случи со луѓето?! Зарем со носот пикнати во перницата ќе градите држава, иднина?! Зарем копчето за активирање на бомби ви е само важно и сеири да гледате😥Господи прости ни😘 Најважно од се ви е да го видите човека на клада, на линч и да озборувате. Ваков бил, таков бил,😥а вие какви сте?!!!“ напиша Ребека на Фејсбук.