„Спортмедиа“ од информации блиски од Тетово дознава дека во Шкендија и во Ренова има позитивни на коронавирус. Двата тетовски тимови направија тестирања донирани од синдикатот за фудбалери, и тие покажуваат дека има шест случаи на Ковид-19. Според сознанијата на Спортмедиа, две лица се од таборот на Шкендија, и четворица од тимот на Ренова.
Засега не се објавуваат имиња, но многу детали ќе бидат познати во текот на денот кога се свикани итни состаноци во двата клуба.
Инаку, тимовите ќе бидат подложни и на втори тестирања на коронавирусот.