Професорот на медицинскиот факултет доктор Нико Беќаровски, преку својот Фејсбук профил разоткрива неколку дилеми околу коронавирусот, кои може да бидат значајни за граѓаните особено во време кога пандемијата се разгорува.
1. Позитивен PCR тест не мора да значи дека сте ЗАБОЛЕН од SarsCov-2 !!!!!
2. Ако имате покачена температура, сува кашлица, отежнато дишење, изгубен вкус или мирис, главоболка, вртоглавица, пролив, осип по кожата, имате голема шанса дека сте ЗАБОЛЕНИ од SarsCov-2. Колку повеќе симптоми толку поголема веројатност !!!!!
3. Ако имате повеќе симптоми, побарајте да Ви се направи лабораторија и РТГ на бели дробови, за да се процени тежината на болеста.
4. Дневните извештаи на МЗ покажуваат само колкав е бројот на новооткриени со позитивен PCR тест, а НЕ И БРОЈОТ НА ВИСТИНСКИТЕ НОВИ БОЛНИ. Болест без симптоми не постои!!!
5. Болен со симптоми е ЗАРАЗЕН за околината, а човек со позитивен PCR тест без симптоми НЕ МОРА !!!!!
6. Бројот на новохоспитализирани и починати е вистински репер за вирулентноста на SarsCov-2.
7. Не барајте да се зголеми бројот на тестирања во Македонија. Треба да се тестираат само луѓе со повеќе симптоми !!!!
8. Негативен PCR тест со неколку симптоми на болеста, НЕ ЗНАЧИ дека немате Covid-19, напротив задолжително направите лабораторија, антитела, РТГ.
9. Сите вируси се лекуваат симптоматски, а мал дел и со антивиремици. За SarsCov-2 се уште нема ефикасен антивиремик !!!“ напиша Беќировски на својот Фејсбук профил.