Ева Лонгорија го прослави својот 51-ви роденден и организираше голема забава за своите најблиски. Фотографиите од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи и не е ни чудо што привлече толку големо внимание, ако само се сеќавате на нејзината забава минатата година.
Изгледот на познатата „очајна домаќинка“ повторно беше во центарот на вниманието. За прославата на нејзиниот 51-ви роденден, таа избра беж миди фустан покриен со светки по целата должина, па никој не можеше да поверува колку години има убавата Ева.

Длабокото деколте повторно беше тука, а актерката го комплетираше својот славенички аутфит со елегантни сандали во неутрални тонови.

Но тоа не беше сè. Џебната Венера, како што многумина ја нарекуваат, организираше уште една забава каде што носеше црна облека.

Сакото и панталоните направија сè посериозно, додека чевлите ја „разбија“ монотонијата. Меѓу собраните беа бројни познати убавици, Софија Вергара, Еиза Гонзалез и Анастасија Соаре.

