Пожар во центарот на Москва, четворица загинати (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку четири лица загинаа, тројца се повредени а 42-ца спасени,  во пожарот во една стамбена зграда во  центарот на Москва.

Пожарот зафатил површина од 2.000 метри квадратни, а гаснењето го искомплицирала самата зграда чии подови биле од дрво. Пожарот избувнал во становите на петиот спрат – соопшти “ТАСС“.

Во операцијата на гаснење учествувале 80 пожарникари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com