Пожар во стан во Кисела Вода, повредени станари, пожарникар и полицаец

by Тони Зографски

Во зграда во скопска Кисела Вода доцна синоќа избил голем пожар. Во несреќата се повредени четири лица – двајца станари, еден полицаец и еден пожарникар кои интервенирале на теренот.

Како што информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, еден од становите е целосно изгорен, а зафатени од пожарот се уште неколку стана. Жителите на зградата, како што посочи, биле евакуирани оттаму и пренесени во неговиот кабинет во општинската зграда.

„Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост“,

напиша Ѓорѓиевски синоќа во објава на Фејсбук.

Градоначалникот на Кисела Вода им се заблагодари за смиреноста на станарите на зградата, инаку лоцирана спроти опшинската зграда, а благодарност упати и до екипите на скопската противпожарна единица и до припадниците на Министерството за внатрешни работи кои, како што вели:

„Со својата професионалност беа на висината на задачата и поради што пожарот е локализиран, а што е најважно нема човечки жртви.“

 

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com