Во кајакарски клуб во Долна Матка синоќа избувнал пожар при што е причинета материјална штета од околу 180.000 денари.
Пожарот е пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 19:05 часот, а е интервенирано до 20:45 часот.
На терен биле испратени пет пожарникари со две возила.