Вчеравечер настанал пожар во бурекџилница во Скопје, поради неисправна електрична инсталација, пренесува МВР.
„На 03.02.2019 година околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Лазар Танев“ настанал пожар во бурекџилница, сопственост на К.А.(38) од Скопје, а дадена под закуп Ф.Џ.(53) од Скопје. Најверојатно причина за пожарот е неисправна електрична инсталација, а со пожарот била зафатена кровна конструкција од помошна просторија на вториот кат. Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Увид се врши“, додаваат од МВР.