Нешто пред пладне денеска избувна пожар во објект во близина на „Рампа“ во населбата Кисела Вода, јавува ТВ21
Станува збор за локација наспроти поранешното седиште на УЈП, во непосредна близина на билната аптека во Скопје.
Густ чад низ Скопје се шири, заедно со непријатна миризба.
Во моментов на теренот се забележува присуство на полициски и противпожарни екипи.
Пожарникарите спречија катастрофа, со оглед на густата населеност и паркингот на кои имаше возила.