Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила ноќва по полноќ на бул. „Климент Охридски“, во близина на новата автобуска станица во Струмица.
Како што пренесува локалната ТВ Вис, струмичката противпожарна бригада интервенирала со едно возило и 6 пожарникари-спасители, кои користеле специјални хидраулични алатки за да го извадат повреденото лице од смачканиот „мерцедес“.
Повредено е едно лице, кое е предадено на екипата на Брза помош.
Повеќе детали околу сообраќајката во текот на денот.