Кога зборуваме за сериски убијци, секогаш напамет ни паѓа некој постар, зол маж. Но дали сте знаеле дека најмладиот сериски убиец во историјата, всушност, е мало девојче од 11 години?
Мери Бел била девојче која била осудена за убиство на две момчиња од Англија во 1968 година.
Неверојатно шокантен факт е дека Мери во тоа време имала само 11 години.
Имено, во мај 1968 година, Мери Бел го задавила четиригодишниот Мартин Браун во напуштена куќа.
Еден месец подоцна, таа на сличен начин го убила тригодишниот Брајан Хау.
Мери го направила тоа со нејзината пријателка Норма и двете биле уапсени и обвинети за убиство.
За време на судењето, Мери се изјаснила дека не е виновна, но сепак била прогласена за виновна за убиство од небрежност врз основа на намалена одговорност.
Таа е осудена на доживотен затвор со препорака да и биде одреден притвор на неопределено време.
Норма била ослободена од каква било вмешаност во убиството.
Кога оваа вест стигнала во јавноста, сите останале шокирани и згрозени што 11-годишно дете направило толку страшно злосторство.
Откако отслужила 12 години затвор, Мери Бел била пуштена на условна слобода во 1980 година. Таа добила нов идентитет и оттогаш живее инкогнито.
„Сакам да повредувам мали суштества кои не можат да ме повредат“, е реченицата на најмладиот сериски убиец во историјата на човештвото.
Британската влада со години одбива да го открие нејзиниот нов идентитет.
Случајот на Мери Бел покрена голем број важни прашања за одговорноста и казнувањето на децата кои вршат кривични дела.
Додека некои тврдат дека децата не се способни да ја разберат тежината на нивните постапки, други веруваат дека криминалците треба да бидат казнети – без разлика на возраста.
Кога се разговарало зошто Мери Бел го направила ова и како такво нешто ѝ паднало на памет, било констатирано дека била изложена на насилство, злоупотреба и запоставување во домот и сето тоа придонело за ваквото однесување.
Каде е сега Мери Бел е сè уште голема мистерија?
Се зборуваше дека родила ќерка која како бебе се обидела да ја задави, но била спречена во тоа.
Подоцна се дознало за нејзиното дете, па и Мери и нејзиното девојче добиле нов таен идентитет по судска битка во 2003 година.