Новинарка од Калифорнија, Мелинда Меза, се снимала од својот дом и споделила совети со гледачите како да ја скратат косата во карантин, кога ѝ се случил невиден срам.
Нејзиното видео е емитувано на локална телевизија “3KCRA” од Сакременто, а набрзо привлекло внимание кај јавноста поради човекот во позадина, за кој се верува дека е сопругот на Мелдин, Мајк де Ламберт.
Голата фигура се гледа во одразот во позадина, а многу корисници на социјалните мрежи набрзо почнале да ја споделуваат сцената од видеото со шеговити коментари.
„Се надевам дека тоа не е нејзиниот сопруг“, напишал еден.
„Се надевам дека нејзиниот сопруг ова нема да го види“, се надоврзал друг.