Сопружниците Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зета-Џонс (49) беа на доделувањето на Еми наградите, а се чини дека Мајкл е многу подобар. Летово на фотографиите што ги снимија папараците на одморот во Италија, актерот изгледаше ослабен и исцрпен. Тој имаше потешкотии при одењето, па неговата помлада сопруга го држеше под рака додека шетаа и го разгледуваа градот.
Сега, во Лос Анџелес Мајкл насмеано позираше со сопругата. Славниот актер носеше елегантен црн костум, а Кетрин освојуваше во долг, розов фустан со голем процеп и наметка прицврстена на тоа.
Пред да стигне до црвениот тепих, Кетрин објави видео на социјалните медиуми од својот автомобил.
„Одиме во Еми. Јас доаѓам со овој неверојатен кандидат за награда“, вели Кетрин, покажувајќи на Даглас кој седел до неа.
https://www.instagram.com/p/B2u8YPsHZBJ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B2uu5hInkPg/?utm_source=ig_web_button_share_sheet