Цела Велика Британија, наводно, е на нозе по веста дека војвотката од Корнвол, Камила ја нападнала кралицата Елизабета.
Имено, магазинот “Globe“ објави шокантна приказна за тоа како сопругатa на принцот Чарлс, Камила Паркер испила премногу за време на собир на британското кралско семејство и направила скандал од светски размери. Таа наводно истурила чаша црвено вино врз кралицата Елизабета Втора и ѝ го искинала бисерниот ѓердан од вратот. Најпрво влегле во расправија, по што Камила изгубила контрола и започнала да ја дави.
„Скокна налутено и отиде до крајот на просторијата, каде што седеше нејзиното височество и ѝ истури вино право во лицето“ – тврди неименуван извор на “Globe“ .
„Камила ја зграпчи кралицата за врат и го искина прескапиот ѓердан од бисери, којшто некогаш ѝ припаѓаше на кралицата Викторија“.
Исто така, треба да се напомене дека во написот се вели дека Камила била затворена во Бакингамската палата, како би биле сигурни дека инцидентот нема да се повтори, иако е познато дека принцот Чарлс и таа не живеат во оваа зграда, туку во Кларенс Хаус.
Инаку, причината за конфликтот е наводно, неверојатната желба на војвотката од Корнвол да биде на тронот. Имено, и покрај тоа што веќе некое време има гласини за повлекување на кралицата, таа сè уште официјално не ја потврди таа информација.