На Медицинскиот универзитет во Виена, под водство на Волтер Клепетко, тамошните лекари направија вистински подвиг откако на една 45-годишна пациентка и трансплантираа бели дробови кои претходно и беа уништени од коронавирусот.
Кај жената која немала други заболување, короната предизвикала тежок развој на болеста, по што и откажале белите дробови. Пациентката од Корушка бил приклучена на кислород, како терепија се користела и крвна плазма, но состојбата и била се потешка.
По трансплатацијата на белите дробови, пациентката се чувствува добро.
„Ние сме многу задоволни од состојбата на пациентката, особено ако се има предвид дека почетната состојба беше исклучително тешка. Таа се опоравува добро неколку дена по операцијата“, вели Клепетко.
Инаку, досега трансплатација на бели дробови кај пациенти заболени од коронавирус во Европа не е извршена, а два случаи се забележани во Кина.