Човекот кој ја уби својата поранешна сопруга додека таа снимаше во живо, беше погубен во Кина во саботата, објавија државните медиуми.
Во септември 2020 година, Танг Лу ја поли со бензин 30-годишната Ламо и ја запали додека таа стримуваше видео во живо. Ламо беше фармерка од провинцијата Сечуан и знаела често да прави стримови во живо на Douyin, кинеската верзија на TikTok.
Танг во минатото физички ја малтретирал Ламо, поради што парот се развел во јуни 2020 година. Подоцна тој постојано инсистирал да бидат повторно заедно, но таа одбила, пренесува Си-Ен-Ен.
Во 2020 година, Ламо се снимаше себеси кога Танг се појави зад неа, ја поли со бензин и ја запали. Таа почина две недели подоцна. Танг беше уапсен кратко по нападот и осуден на смрт во октомври 2021 година.
Кинеските активисти за човекови права велат дека земјата има проблем со семејното насилство бидејќи идејата дека семејните конфликти се приватен проблем сè уште е вкоренета во општеството.
Во Кина, злоупотребата се сметаше за причина за развод до 2001 година, а дури во 2015 година беше воведен првиот национален закон за забрана на семејното насилство. Сепак, активистите велат дека се уште има дупки во законот бидејќи тој не ги опфаќа истополовите парови и не го споменува сексуалното насилство.