Лео Меси беше меѓу последните кои пристигнаа на церемонијата за доделување на Златната топка, каде на крајот на вечерта ја подигна својата осма награда, а на црвениот тепих случајно се сретна со Новак Ѓоковиќ, кој беше специјален гостин на организаторите.
Двајцата врвни спортисти се прегрнаа и срдечно се поздравија, а Ѓоковиќ се поздрави и од сопругата на Меси.
Меси и Новак разменија неколку зборови пред Аргентинецот да влезе во салата, а Ѓоковиќ доби громогласен аплауз кога беше претставен за време на церемонијата.
https://twitter.com/i/status/1719077256289558644