Уште едно невидено тепачка избиле поради пониска цена во еден, како што се наведува по социјалните мрежи, познат синџир на супермаркети во Неготин.
Снимката од тепачката се појави на социјалните мрежи, а на неа се гледа како луѓето брутално се грабаат за месо од гајби, кое се уште не стигнало да биде изложено во продавницата, туку се зема од палети.
И тоа не е се, луѓето испразнетите гајби безобзирно ги фрлаат на сите страни, едни на други, при што една гајба удрила жена по глава.
А потоа поради зголемен „надворешен притисок“, човекот за миг заврши на подот, но не го испушти месото.
Пред само една недела слична ситуација се случи на пазарот во Борча, а и во Лесковац, кога луѓето се туркаа за поевтини ќебапи.
Видеото може да го погледнете на овој линк