Томас Том Нојвирт, попознат како Кончита Вурс и понатаму се занимава со музика и снима успешни песни, но нејзината кариера сега е фокусирана само во родната Австрија и далеку од оние кои што ѝ се смееја во текот на 2014-та година.
Имено, по победата на Евровизија, следел голем успех за оваа пејачка, како во музиката така и на модните писти, па така носела многу модни парчиња од познатите модни куќи.
Исто така таа напишала и книга и го позајмувала гласот во анимираниот филм „Пингвините од Мадагаскар“.
Кончита, која што отсекогаш се чувствувала како жена заробена во тело на маж, минатата година сепак одлучила да се откаже од имиџот на долгокоса жена со брада и повторно да „влезе во машката кожа“.
Австрискиот транвестит сега поретко се шминка, има кратка коса и брада и тешко би забележале дека зад неговиот лик се крие некогашната евровизиска победничка.
Но, по потреба Томас и понатаму се шминка и облекува женска облека.
Инаку, Кончита во 2018-та година јавно призна дека е ХИВ позитивна и дека веќе повеќе години оди на третмани.
https://www.instagram.com/p/CGM1R8gpr1s/