Кери Бредшо ќе ѝ се врати на старата љубов. Нови фотографии покажуваат дека омилената колумнистка од „Сексот и градот“, ќе ја обнови врската со Ејдан Шо.
На нив, прикажани се актерите Сара Џесика Паркер и Џон Корбет додека снимаат сцена за втората сезона од „And Just Like That“, продолжение на култната „Сексот и градот“, а ликовите на Кери Бредшо и Ејдан се бакнуваат и гушкаат на улиците на Њујорк.
Ова не е проба“, напишала Сара Џесика на фотографијата.
На официјалниот Инстаграм профил на серијата, како и на профилот на актерката Сара Џесика Паркер, претходно се појавија фотографии од сетот каде Кери и Ејдан шетаат фатени за рака.
Инаку, Кери и Ејдан се состануваа долго време пред таа да го изневери со Мистер Биг. Тие за последен пат се видоа во вториот филм „Sex And The City“. За време на вечерната средба, Кери и Ејдан споделија романтичен бакнеж, иако и двајцата беа во брак со други личности.