Мајка на осум момчиња открила дека е повторно бремена, иако нејзиното најмало дете има само пет месеци.
29-годишната Јалансија Росарио ги родила синовите Џамел (12), Мајкл Џуниор (9), Анхел (8), Гимани (6), Армани (3), Синкреа (1), Казе (5 месеци) и Армани кој го загубила во третото тромесечје од бременоста, кој сега би имал шест години. Сега повторно е во слатко исчекување.
„Сè уште не го знаеме полот, но претпоставувам дека е момче, како и секогаш“, се пошегувала таа.
Нејзиниот термин е следната година.
„Отсекогаш сонував за големо семејство бидејќи пораснав како најстара од седум деца. Неколку деца зачнав и покрај контрацепцијата, а неколку од нив планиравме. Сега веќе не користам заштита“, истакнала таа.
Ја следат илјадници луѓе на TikTok и Instagram, а понекогаш наидува на срамни коментари.
https://www.instagram.com/p/CUgx2L_sOJa/
„Луѓето мислат дека ги користам нивните пари или ми велат дека е лесно да имаш деца ако живееш од додатокот. Ме прашуваат дали сум слушнала за заштита и колку татковци имаат моите деца. Сè негативно го претворам во позитивно .Моја судбина е да бидам мајка. Мирна сум и мислам дека ништо не пропуштив затоа што имам многу деца.Празниците се забавни за нас,секое дете има посебна личност,уживам да подготвувам храна и да се грижам за децата“, вели Јалансија.
Целото семејство станува околу 6. часот наутро, се подготвува за денот, појадува заедно, а потоа се упатува на училиште. Јалансија останува дома да се грижи за помалите деца и готви и чисти додека останатите не се вратат дома попладне.
„Пишуваме домашна работа, вечераме заедно и играме семејни игри. Никогаш не зажалив што сум мега-мајка”, заклучила таа.
https://www.instagram.com/p/CUO4dmnAn6T/