Авионот кој е вратен од летот за Москва поради дојава за бомба, слетал на белградскиот аеродром, јавуваат репортерите на српски “Telegraf”. Во тек е евакуација на патниците.
Неговото враќање јасно се гледа на сајтот “Flight Radar”, кој го покажувал патувањето на овој лет.
Припадниците на Специјалната антитерористичка единица (SAJ) се на влезот на аеродромот, а тука се паркирани и амбулантни возила, како и едно противпожарно возило.
Во авионот имало 125 патници и пет членови на екипажот. Реакцијата уследила откако пристигнал мејл со фотографија од наводната бомба.