Ирина Шајк и Бредли Купер уживаа на заеднички летен одмор.
36-годишната манекенка сподели фотографии на Instagram, на кои позира со 47-годишниот актер. Тие хранеја и се фотографираа со прасиња, а во описот Ирина стави срце, со што ги израдува фановите.
Со овој потег, поранешниот холивудски пар поттикна гласини дека ја обнови врската.
Ирина и Бредли беа во врска од 2015 до 2019 година, но и по разделувањето останаа блиски пријатели. Тие заедно имаат едно дете, 5-годишната Леа де Сејн.