Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.034 тестирања, а регистрирани се 447 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје –191, Куманово – 36, Прилеп – 26, Струмица – 21, Битола – 19, Велес – 18, Тетово – 17, Гостивар – 16, Кочани – 15, Неготино – 11, Охрид – 10, Кичево и Радовиш – по 7, Кавадарци – 6, Штип, Берово и Виница – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 4, Богданци и Крушево – по 3, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Ресен, Делчево, Дебар, Пробиштип, Демир Капија, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 620 оздравени пациенти од:
Скопје – 272, Куманово – 56, Прилеп – 55, Битола – 34, Велес – 25, Тетово и Охрид – по 23, Струмица – 20, Штип – 18, Гевгелија – 15, Кичево – 11, Струга и Кочани – по 10, Радовиш – 7, Гостивар и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Богданци – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Кавадарци и Македонски Брод – по 2, Неготино, Берово, Валандово, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 30 починати лица: 8 од Скопје (57г, 57г , 60г, 64г, 64г, 67г, 86г и 92г), 6 лица од Струмица (66г, 68г, 72г, 72г, 73г и 77г), по 2 лица од Кичево (56г и 66г), Кочани (69г и 84г), Неготино (75г и 83г) и Прилеп (60г и 73г) и по едно починато лице од Берово (70г), Битола (70г), Гевгелија (76г), Гостивар (73г), Делчево (83г), Кавадарци (78г), Охрид (84г) и Пробиштип (68г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.