Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1382 тестирања.
Регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-12, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-2, Тетово-9, Струга-3, Велес-2, Битола-11, Охрид-3, Гостивар-10, Радовиш-7, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Свети Николе-27, Кичево -1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица од: Скопје-71, Штип-7, Тетово-12, Велес-1, Битола-1, Кочани -1, Пробиштип-1, Кичево-1, Ресен-2.
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4035, активни 1804
• Куманово 880, активни 212
• Дебар 154, активни 92
• Штип 484, активни 195
• Прилеп 304, активни 64
• Тетово 894, активни 286
• Струга 340, активни 166
• Велес 205, активни 34
• Битола 84, активни 40
• Охрид 230, активни 122
• Кавадарци 27, активни 19
• Гостивар 250, активни 157
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 15, активни 11
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 78, активни 12
• Пробиштип 39, активни 24
• Демир Хисар 11, активни 10
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 1
• Свети Николе 147, активни 134
• Кичево 85, активни 71
• Ресен 139, активни 73
• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1382 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-163, Биотек- 96, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори) –223, Систина со PCR метода -160, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-38, КИБФС (Инфективна клиника) -1. Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 2 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.