„Сите жртви беа убиени од силна траума. Патници биле речиси сигурно мртви во моментот на ударот“, открива дел од извештајот на аутопсијата.
Пилотот на леталото Ара Зобајан во своето тело немал никакви траги од алкохол или дрога, што значи дека бил способен за да управува со хеликоптерот.
Хеликоптерот удрил во земја со брзина од речиси 300 километри на час, па затоа шансите некој да можел да преживее биле никакви. Ударот предизвикал огромен кратер во ридот од речиси 100 метри. Според медицинскиот извештај сите деветмина во хеликоптерот починале при ударот, но изгорениците на телата се случиле потоа, бидејќи веднаш потоа леталото експлодирало.
Агенцијата за летови во САД засега нема утврдено што точно ја предизвика несреќата, но најверојатно била предизвикана поради лошите временски услови за летање во околината на Лос Анџелс, односно густата магла. Истрагата покажа дека хеликоптерот немал никакви механички проблеми. Конечниот извештај за случајот нема да биде готов уште неколку месеци.