Момче старо 11 години се здоби со повреди опасни по животот, при употреба на пиротехнички средства кај Сисак, пренесуваат хрватските медиуми. Тој со своето друштво во метален сад ставил карабитен експлозив.
„Момчето е при свест, но може да се каже дека е тешко повреден. На повеќе места има кршење на коските и рани. Операцијата ќе трае најмалку три до четири часа. Се чини како да има повреди од војна“, рече операциониот хирург, Мирослав Гујашин.
За состојбата на момчето ќе се знае во текот на наредните денови. За жал, малото момче не е единственото кое е повредени при употреба на петарди.