Eдна од ангелите на „Викторија сикрет“, aнглиската манекенка Алексина Грахам (30), објави на „Инстаграм“ дека е заразена со коронавирус и ги предупреди сите други да внимаваат бидејќи вирусот е многу опасен.
Убавицата истакна дека симптомите биле многу тешки и дека на крајот била хоспитализирана. Таа сподели фотографија од болничкиот кревет со маска на лицето, а потоа ги опиша симптомите што ги чувствувала.
„Повраќав неколкупати на ден. Исто така, се појави и висока температура, а низ телото постојано нешто како да ме печеше. Не можев да изговорам целосна реченица или да дишам нормално. Белите дробови не ми дозволуваа, а грлото ми беше затворено, градите ми беа затегнати“, раскажа Алексина.
„Не можев да влезам или да излезам од кадата самостојно. Исто така, ми требаше помош да станам од креветот. Не можев да јадам нормално затоа што тоа ми претставуваше болка“, додаде таа.