Група верници од исламска вероисповед протестирале пред велешката Црна џамија, против, како што велат, навредите упатени кон Алах, искажани од лице, чиј идентитет од видеото постирано на социјалните мрежи, не може да се открие.
Пред насобраните верници говорат двајца граѓани на Велес, од кои вториот упатува закани со војна.
„Ако некој го навредува нашиот господар и пратеник, ние ќе бидеме револтирани на овој случај и ќе правиме се како што ни е должност според Коранот. Ако ова се повтори уште еднаш, ние заедно ќе можеме да војуваме против овие луѓе кои го прават тоа“, вели вториот говорник, кој повикува на Џихад, односно да војуваат во името на Алах.
Според видеото, насобраните верници на неколкупати во текот на говорите извикуваа „Алаху акбер“ (Господ е голем).