Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензините се зголемува за два ипол денари за литар, додека дизел-горивата поскапуваат за два денари.
Од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 78 денари, бензинот БС-98 ќе чини 80 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 70,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари за литар и тоа ќе се продава по 70,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,473 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и ќе се продава за 44,507 денари за килограм.