Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил постави фотографија на која е во мини розов костим за капење на плажа во Хамптон во близина на нејзината палата Волтер Мил, која чини 10 милиони долари.
51-годишната поп дива, која може да се пофали со 131 милион следбеници, со фотката ги полуде своите обожаватели.
Фотографијата за кратко време собрала повеќе од 2 милиони лајкови, а имало и коментари за нејзиниот фантастичен изглед.
„Се чувствувам златно. Држејќи се за последните неколку моменти од летото“, напишала пејачката во описот на фотографијата.
https://www.instagram.com/p/CFK9YsTJfN_/?utm_source=ig_web_button_share_sheet