Најпопуларната и најбогата кинеска актерка Жао Веи повеќе не постои во тамошната филмска индустрија, медиумите и на социјалните мрежи.
Владата ги отстранила сите филмови, серии и емисии во кои се појавила Жао Веи, а кинеските видеоплатформи потврдиле дека примиле барање за отстранување. Меѓутоа, објаснување не добиле ниту тие ниту обожавателите на прекрасната Жао.
45-годишната Жао во Кина била позната не само како актерка, туку и како една од најбогатите жени во земјата.
Веи го купила Шато Монло во регионот Сен-Емилион во југозападна Франција во 2011 година, а таа и нејзиниот сопруг Хуанг Јулонг влегле на листата на Хурун на најбогатите млади милијардери во светот во 2016 година. Нивното богатство тогаш се проценувало на 1 милијарда долари.
Инвестицијата на парот вклучува ран удел во групата Alibaba Pictures. Нејзините инвестиции сепак и донеле и тужби. Поради големиот број тужби од кинеските инвеститори, на неа и на нејзиниот сопруг пет години им бил забранет пристап до кинеската берза поради кршење на законот од 2017 година.
Според статистиката на qcc.com, кинеската корпоративна база на податоци, Жао имала 14 компании. Од нив, на две им ја одзеле регистрацијата, а четири останале без лиценца. Исто така, qcc.com наведува дека компаниите на славната актерка се соочуваат со ризици како замрзнување на акциите.
Актерката еднаш била видена како се фотографира со обожавателите откако била отстранета од интернет. Сè уште не е позната причината за бришењето на нејзиното име од сите филмови и серии и отстранувањето од интернет.