Во Иран 27 лица починаа од труење со алкохол, по гласините дека алкохолните пијалаци лекуваат од новиот коронавирус, јави иранската новинска агенција ИРНА. 20 лица починале од труење со алкохол во покраината Хузестан, а седуммина во Алборз.
Агенцијата додава, дека во Ахваз, главниот град на Хузастан, повикувајќи се на локален медицински службеник, во болницата биле примени 218. лица поради труење.
Во извештаите се вели дека починатите поверувале во „гласините дека алкохолот може да помогне во лекувањето на болестите предизвикани од коронавирусот“, веле агенцијата, цитирајќи ја изјавата на медицинскиот службеник.
Инаку, во Иран е забрането продавање и пиење алкохол.