“Побунетата Мадона” од серијата “Ало, Ало” продадена за 15.000 фунти

by Тони Зографски

Портретот на “Побунетата Мадона” од култната серија “Ало, Ало” на аукција е продаден за 15.000 фунти, а купувачот е од градот Нувион во Франција, местотот каде што се случува и дејството на серијата.

Делото на измислениот уметник Ван Кломп , ‘Побунетата Мадона“ со големи цицки, беше предмет на бројни шеги во легендарната британска серија која беше емитувана на Би-Си-Си од 1982 до 1992 година.

Енди Стив, кој ја продаде сликата на аукција, изјави дека  купувачот е од Нувион,  што значи сликата “си оди дома”, извести Би-Би-Си.

Измисленото ремек-дело беше прикажано речиси во секоја епизода на серијата. Многу пати беше украдено и вратено, беше скриено во разни места – во колбаси, во панталони, но и позади позлатената рамка кое беше наменето за подарок за Адолф Хитлер. Сликата е опишана како важен дел од историјата на британската популарна серија, и е само една од неколкуте примероци кои ги преживеале сите девет сезони.

Инаку, “Ало, Ало”, на хумористичен начин се занимава со Гестапо, француското движење на отпорот и со Британците за време на Втората светска војна.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com