Пејачите Махмуд и Бланко, кои годинава ќе ја претставуваат Италија на Евровизија, позираа за новата насловна страница на италијанскиот Vanity Fair.
Тие позираа целосно голи, покривајќи ги со рацете интимните делови од телото.
Махмуд и Бланко споделија фотографија од насловната страница на списанието на Инстаграм, а нивната објава собра 350.000 лајкови за помалку од еден час.
Инаку, италијански пејачи победија на 72. издание на култниот италијански музички натпревар Festival di Sanremo со песната Бривиди.
Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодинешниот Евросонг во Торино, каде што во мај ќе се одржи Евровизија, благодарение на победата на Манескин минатата година.