Дамијано Дејвид, фронтменот на групата Манескин, кој годинава победи на Евровизија, е познат по своите многу ексцентрични објави на социјалните мрежи.
Пејачот се погрижил неговата божиќна честитка да се разликува од останатите, па решил потполно гол да го честита Божиќ. Тој позирал со мачка, а интимните делови од телото ги покрил со налепница.
„Среќен Божиќ на сите. Лего и јас“, напишал Дамијано.
Неговата објава на Инстаграм привлекла многу следбеници и брзо достигнала повеќе од 1,4 милиони допаѓања.
„Имам колачиња и млеко, ако сакаш“, „О, Боже!“, „Дедо Мраз изгледа ги слушна моите желби“, „Ти ми ги исполни сите желби овој Божиќ“, „Кој имаше чест да те фотографира“, се само дел од коментарите.