Српскиот тенисер Душан Лајовиќ оствари голема победа во првото коло на Австралијан опен, откако го победи Мартон Фучович со 3-2 во сетови, а големо внимание привлече неговата прослава со знаме на кое беше ликот на Новак Ѓоковиќ.
На знамето стои и пораката: „Ви се допаѓало тоа или не, најголемиот на сите времиња“.
Не е исклучено Лајовиќ да биде казнет за овој свој гест.